• Skip to primary navigation
  • Skip to main content
  • Skip to primary sidebar
EntreComp

EntreComp

Kомпетенции за претприемништво

  • Почетна
  • За проектот
  • Што е EntreComp?
  • Блог
  • Ресурси
    • Рамката за претприемачки компетенции за наставници
    • EntreComp Framework
  • EntreCompEDU EU
  • Контакт
  • Show Search
Hide Search

Што претставува EntreComp?

Во 2016 година, Европската комисија предложи Агенда за нови вештини, предлагајќи преглед на клучните компетенции потребни во 21oт век, кои треба да бидат воведени во училиштата и наставните програми на сите земји учеснички.

EntreComp (компетенции за претприемништво) е референтна рамка за претприемачки компетенции, мост помеѓу образованието и работата, поделен на 3 макро области составени од 15 клучни вештини, кои развиваат 442 исходи на учење. Види повеќе

Што е претставува EntreComp за наставници?

Според развиената матрица за клучни компетенции ние создадовме матрица на компетенции кои треба наставниците да ги поседуваат за да ги развијат истите кај учениците. За таа цел е развиена мултикултурна програма за професионален развој на наставниците насочена кон инклузија на претприемачкото образование во сите наставни предмети преку развој на компетенциите за предавање на наставниците кои поттикнуваат претприемачки вештини кај учениците. Тука се оди подалеку од поврзување на претприемачките вештини со предметите бизнис, претприемништво, математика итн., а сè повеќе се гледа на концептот како самоиницијативност и ангажман, граѓанска улога, социјална кохезија и вработливост на учениците. Види повеќе

Како да се вклучите како наставник во основно или средно/стручно образование? Во моментот се спроведува првиот бран на обуки за кои учеството е ограничено поради тестирање и усовршување на процесот, но наскоро обуките ќе бидат достапни online преку веб платформа за сите заинтересирани наставници. Начинот на следење на оваа програма е флексибилен односно создаден така што можете да ги извршувате задачите според вашето слободно време (во ограничен период од 5 недели). Истата програма ќе се спроведува интернационално во повеќе земји како Обединетото Кралство, Белгија, Финска, Италија, Шпанија и други. По завршувањето добивате сертификат од University of Wales. Програмата за професионален развој на наставници е бесплатна!  

Primary Sidebar

Билтени

Регистрирајте се за да добиваѕе билтени со важни информации за претприемачко учење

Ја респектираме вашата приватност! Нема да испраќаме несакани пораки.

Последни објави

Најава за конференција – „Човечкиот капитал за инклузивен раст во Северна Македонија“

На 27 септември 2022 со почеток во 10 часот во Хотелот Мериот е закажана конференцијата „Човечкиот …

Continue Reading about Најава за конференција – „Човечкиот капитал за инклузивен раст во Северна Македонија“

Oдбрана на магистерски труд на тема ,,Развој на модел на зелени компетенции како предуслов за премин кон зелени технологии”

На 09.09.2022 на Машинскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше …

Continue Reading about Oдбрана на магистерски труд на тема ,,Развој на модел на зелени компетенции како предуслов за премин кон зелени технологии”

Одржана регионална работилница на тема „Зелени иновации во стручното образование и обука – предуслов за регионален развој“

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Машинскиот факултет од Скопје, Национален центар за …

Continue Reading about Одржана регионална работилница на тема „Зелени иновации во стручното образование и обука – предуслов за регионален развој“

Discover more

Пријави се за обука Инспирација за наставници Вмрежување

Footer

Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење

Бул. „8ми Септември“ бр. 2-9

Тел: +389 23099 481;

Факс: 38923099 482

1000 Скопје, Р.С.Македонија

Copyright © 2023 · EntreComp

Поврзете се

  • Email
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube